Дебатата се одржа пред изборите за Студентскиот парламент и студентската асоцијација на УЈИЕ.
Младинскиот форум на Македонија одржа презентација на тема студентско организирање и потребата за претставници од студентската асоцијација додека генералниот секретар м-р Џеваир Мемеди зборуваше за новиот Правилник за студентскиот парламент и студентска асоцијација на УЈИЕ.
„Правилникот е подготвен во согласност со тековните закони во Македонија и правилниците и правните акти во Универзитетот. Во текот на процесот на подготовки на правилникот се зедоа во предвид сите аспекти студентската асоцијација да биде вистинскиот глас на Универзитетот. Со вашето вклучување во оваа организација работата на Студентскиот парламент и студентската асоцијација ќе биде поуспешна“, рече г.Мемеди. Тој на студентите им ги претстави целите за новиот Студентски парламент кои се поврзани со целосната мисија на Универзитетот и претставувањето на студентите на сите.
Извршниот советник за изведба и квалитет на УЈИЕ и претседавачот на Централната изборна комисија г-ѓа Хедер Хеншоу ги информираше студентите како да се пријават за учество во изборите и за условите и активностите кои ќе се организираат во оваа насока. „Би сакала да ве осигурам дека секој студент ќе има можност да го искористи правото на глас. Ние ќе осигуриме фер избори и нема да дозволиме нарушување на процесот на гласање. Успехот зависи од вас”, рече г-ѓа Хеншоу.
Марија Милчевска, претставник на Младинскиот образовен форум на Македонија зборуваше за работите кои се однесуваат на студентската организација и искуството кое го има Форумот со последните избори кои се одржаа на Универзитетот во Скопје. „Студентскиот парламент ги претставува интересите на студентите внатрешно и надворешно. Само вашата голема заложба и инволвираност ќе ви овозможат да бидете успешни во активностите на оваа асоцијација “рече г-ица Милчевска.
Студентите беа активно вклучени во дебатата и даваа коментари, поставуваа прашања најмногу за претходните организациони активности на студентите на Универзитетот, статусот на новиот студентски правобранител, начинот на гласање и друго.
Според Правилникот, Студентскиот парламент ќе има 30 члена со едногодишен мандат и ќе ги претставува сите факултетит на Универзитетот.
