Советникот на ректорот за односи со јавноста и комуникација м-р Демуш Бајрами, рече дека ова е значаен ден, бидејќи ги одбележува напори на сите оние кои се бореа за развојот и за унапредувањето на албанското образование.
„Овој ден е во иста линија со визијата на албанските патриоти од ренесансата, кои истовремно и заедно со другите народи од Балканот, го разбра образованието како натпревар на кој не победува посилниот, туку оној кој знае, не победува нецивилизираниот, туку покултурниот. Мисијата на 7 март продолжува да биде актуелна и денеска“, рече Демуш Бајрами.
Главниот реферат на манифестацијата го имаше продеканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација, проф. д-р. Хамит Џафери, кој направи ретроспектива на развојот на албанското училиште, од самите почетоци кои се поврзуваат со 7 март 1887 година, па сѐ до денеска.
„За ова време, иако се судруваше со многу тешкотии албанското училиште, сепак, успеа да ја реализира својата мисија на образованието и на втемелувањето на патриотизмот. Денешното училиште на албански јазик има континуитет на оваа мисија. Слична мисија има и УЈИЕ, но со европска и американска ориентација на развој и на почитување на стандардите“, рече продеканот Хамит Џафери.
