Натпреварот е дел од активностите по повод одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија и Денот на албанското знаме.
На купот, учествуваа скијачи од неколку универзитети од Македонија, Албанија и од Косово. Во категоријата мажи апсолутен победник на купот беше Дардан Дехари, од Тетово, и во категоријата жени победничка беше Дорина Мема од Пеќ.
Вицепремиерот на Македонија, Муса Џафери, во име на Советот за одбележување на 100-годишнината од независноста на Алабнија, рече дека во текот на годината се планирани низа активности по повод одбележувањето на овој значаен датум.
Ректор за истражување на Универзитетотна Југоисточна Европа, проф. д-р Блерим Река, во својот говор рече дека се надева дека натпреварот ќе биде традиционален и во иднина, ние ќе продолжиме да го доделуваме Купот на знамето.
Во име на Универзитетот на Приштина купот го поздрави ректорот на Универзитетот д-р Муј Ругова, кој рече дека овој настан ги зближува Албанците и ги потикнува да бидат пообединети и добри работници.
Марина Ташо, натпреварувачка од Универзитетот во Корча, која успеа да го освои третото место во оваа трка, изјави дека се чувствува многу горда што на овој јубилеј добила награда.
„Се чувствував многу горда и ми дојде да заплачам", изјави Марина Ташо.
Во екипна конкуренција, првото место во оваа трка му припадна на градот Тетово, Пеќ го зазеде второто место, додека на трето место беше градот Корча.
Организаторите на трката доделија признанија до сите учесници, а посебно признание му беше доделено на најмладиотнатпреварувач Арба Поповци од Пеќ.