Со доделувањето на благодарница и на часовници за сите вработени (66), кои исполниле 10 години работен стаж на УЈИЕ од претседателот на Бордот, Денис Фарингтон, и со доделувањето на благодарница за тројца пензионирани професори од ректорот проф. д-р Замир Дика, во петокот (18 ноември 2011 година), започнаа активностите за прослава на 10-годишнината од основањето на Универзитетот. Во рамките на оваа манифестација се промовираа и шестмина доктори на науки.
„Се поклонувам пред придонесот на малите луѓе кои прават големи дела, па затоа дозволете ми слободно да се изразам: Да биде долговечен УЈИЕ“, рече ректорот Дика.
Според ректорот Дика, денешниов настан преставува централна манифестација бидејќи денеска се доделуваат благодарници, кои според вредноста се скромни, но многу се значајни според симболиката, будејќи се наменети за луѓе кои силно веруваа во овој проект и кои од самото основање на Универзитет со голем ентузијазам му се посветија и придонесуваа за да стигнеме дотука, каде што сме денеска.
Тој во оваа прилика истакна дека успехот на нашиот Универзитет е потврден и од меѓународните институции, кои го оценуваат како модел во Македонија и во поширокиот регион, идентификувајќи го како лидер во имплементирањето на најновите европски стандарди кои се предвидени со Болоњскиот процес. Овој Универзитет, прв со смелост и визија ги прифати студиските циклуси, системот на трансфер на кредити, ги усвои инструментите за обезбедување квалитет и започна со користење на информатичките технологии на сите нивоа на дејствување на Универзитетот.
„Бевме првиот интегриран универзитет во Македонија, во рамките на еден интегриран кампус и лидер во иницијативите за негово трансформирање во првиот Еко-кампус во регионов. Овие луѓе кои од почеток веруваа во овој проект, а потоа и другите кој се придружија на оваа света мисија, со силна поддршка од меѓународната заедница и од пријателите на Универзитетот, со несебична посветеност успеаја да ја оживеат оваа идеја (овој проект), со единствена цел, да креираат една поинаква понуда за нашите деца, за образување на новите генерации поинаку од другите, достојни за да го водат нашево општество кон патот на знаењето, прогресот и на слободата“, рече меѓу другото ректорот Дика. Обраќајќи се до новите доктори на науките, ректорот Дика рече: „Докторатот преставува највисока професионална титула во академскиот свет и во сферата на научното истражување. За да се стигне до овој акт е потребен огромен труд за истражување на професионалната литература и на најновите научни достигнувања во соодветните области, во дефинирањето на проблематиката и во користење на адекватната методологија во потрага по вистината, потоа верификација на хипотезата преку мерења и експерименти.
