Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и официјално стана првиот универзитет во регионовсо еколошка зграда, која целосно користи алтернативни извори на енергија. Ректорот проф. д-р Замир Дика, министеротза животна срединаи просторно планирањево Владата на Република Македонија, Абдулаќим Адеми и амбасадорот на Италија во Р.Македонија, Фабио Кристиани, во четвртокот (29 септември 2011 година), официјално јапуштија во употреба еколошката зграда, со нулта емисија на загадувачки гасови.Во поздравниот говор, ректорот Дика рече дека опремувањето на оваа зграда е плод на соработка меѓу двете земји и нашиот Универзитет. Со ова се покажува висок степен на свест за овој феномен, кој директно влијае врзквалитетот на нашиот живот.
„Денес ние не самошто го одбележуваме успешното завршување на еден проект, туку отвораме и нова страница за Универзитетот и тоа во промоцијата и искористувањето напостојните капацитети за да дадеме свој придонес во подигањето на свеста за животната средина, да придонесеме со нашата експертиза да јапромовираме Македонија во регионален центар за одржлив развој, за промоција на зелените технологии со ставање на нашите универзитетски капацитети на располагање за реализација на овие цели. Наша стратешка цел е развојот на универзитетот како центар, кој ќе ги пренесе искуствата со другите универзитети, и тоа првенствено со помагање на бизнисите и општеството во подобрување на животниот стандард “, рече меѓу другото во својотпоздравен говор, ректорот на УЈИЕ , проф. д-р Замир Дика.Министерот за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија, Абдулаќим Адеми, изјави дека Владата н Македонија и министерството, кои тој го претставува ги поддржуваат ваквите иницијативи, кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животната средина и економскиот развој како и во подигањето на јавната свест за почиста и поздрава животна средина.
„Овој проект е пример кој треба да се следи во иднина“, рече министерот Адеми.
Италијанскиот амбасадор во Македонија Фабио Кристиани позитивно јаоцени соработката првенствено меѓу двете земји. Тој истакна дека Италијанската Влада преку Министерството за животна средина, земјиште и море секогаш ги има поддржано иницијативите кои се насочени кон подобрување на условите на животната средина.
„Универзитетот на Југоисточна Европа претставува конкретен пример како да се спроведат такви проекти“, рече амбасадорот Кристиани.
Во рамките на оваа активност, на втората сесија, се одржа работилница на тема „Имплементација на проектот- трансформација на УЈИЕ во Тетово во Кампус со ниска емисија на гасови –УЈИЕ 2020 -настава за одржлива иднина“, во рамките на соработката во областа на „Животната средина и одржливиот развој“ помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за животна средина, земјиште и море на Република Италија.
Проектот е подржан од Италијанската амбасада во Република Македонија. Целосната реализација на овој проект ќе муовозможина УЈИЕ да стане водечки центар во Балканотипример како треба да се спроведуваат ваквитеиницијативи.
