Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Семинар за развој на наставна програма и Дескриптори според Националната рамка на квалификации и квалитет, ефикасност и професионалност се одржа во Маврово

„Развој на наставна програма и Дескриптори според Националната рамка на квалификации“ и „Квалитет, ефикасност и професионалност", беа главните теми на четири-дневната обука на академскиот и административниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа, од 11-14 јули 2011 година во Маврово

Во рамките на обуката се одржаа неколку работилници, кои имаа за цел остварување на проектот „УЈИЕ 2.0 ".

„Важное нашиот Универзитет да продолжи да ја зајакне позицијата како водечки Универзитет во регионовза квалитетот на високото образование", рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р. Замир Дика, во своето излагање пред академскиот кадар.

Ние, рече ректорот Дика, имаме многу важна мисија и верувам дека со капацитетите кои ги имаме можеме целосно да јареализираме истата“.

Во текот на обуката факултетите работеа на усогласување на наставните програми, како продолжение на работата започната од странски експерти во јануари и февруари оваа година.

Во согласност со барањата на Националната рамка на квалификации во текот на семинарот се финализираа и резултатите од учењето .

Проректорот за академски работи на УЈИЕ проф.д-р Пол Фостер рече: „ Во следната академска година УЈИЕ ќе има целосно хармонизирани наставни програми во согласност со барањата на националниот, регионалниот и на меѓународниот пазар на трудот“ .

Имаше неколку обуки за академскиот кадар како што се подготовка на дескриптори за првиот и за вториот циклус на студии во согласност со Националната рамка на квалификации , идно планирање на наставната програма и управување со ризикот во акционите планови на факултетите/центрите. Третиот ден, академскиот и административниот кадар беа на заеднички излет и изведуваа спортски активности кои ги организираше одделот за спорт на УЈИЕ.

Во текот на обуката на административниот кадар со цел да се зајакне ефикасноста беа вклучени семинари за развој на професионалност и вештини. Семинарите беа на следниве теми: Протокол на важни настани, Водење записници на англиски јазик, Ефикасно пополнување формулари, Пишување професионални имејли, Менаџирање процеси,Давање услуга/одговор на клиентите, Управување со ризик, Управување со време-притизирање на задачите, Однесување и стандарди на службите , Правила и процедури.

Со овие активности ние се стремиме да функционираме и да се развиваме како единствена високообразовна институција во регионов која обезбедува висококвалитетно искуство за учење за студентите, поддржано со ефективна администрација и менаџмент.

Google+