Конференцијата беше организирана од Универзитетот во Колумбија – Програма за градење мир и човекови права, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Правниот факултет и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ)во Скопјеи Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).
На отворањето на конференцијата, ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир ДИка зборуваше за важноста на овој договор и изрази задоволство за можноста Универзитетот да биде дел од оваа конференција и им заблагодари за учеството на сите оние кои имаа активна улога во тоа време.
„Посебноста на оваа активност е тоа што главните протагонисти на овој важен историски настан од тоа време ги искажуваат своите искуства, посебно за делот на тешкиот процес на преговарање па се до постигнувањето на договорот. Денес договорот се поставува во функција на научен и академски осврт, во Македонија, регионот и во светот со тенденција да поттикне нови искуства и да им помогне на сите тие кои поминаа слични настани, како и за дизајнирање на оптималниот пат на кој треба да чекори Македонија за да го забрза процесот на интегрирање“, рече меѓудругото ректорот Дика.
Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, во својот говор истакна дека Охридскиот Договор успеа да ја запре граѓанската војна и воедно да ги отвори аспирациите на земјава кон ЕУ и НАТО.
„Спроведувањето на овој договор е процес за иднината на државата и е клуч за интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО, како примарен политички услов, независно од религијата или националноста на мнозинството од населението“, рече амбасадорот Рикер.
Проректорот за истражувања во ЈИЕУ, проф. д-р. Блерим Река, рече дека Охридскиот Догоровор во многу аспекти нема виден прогрес и тоа во адекватната застапеност, равноправната поделеност на буџетот, официјализирањето на Албанскиот јазик и др. Прорекеторот Река на американскиот медијатор во преговарачкиот процес, Џејмс Пердју му додели плакета во знак на признание за неговиот придонес во постигнувањето на овој мировен договор.
Во рамките на конференцијата свои дискусии имаа: заменик-премиерот Абдилаќим Адеми, поранешниот премиер, Лубчо Георгиевски, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, дипломатот и медијаторот во преговарачкиот процес Џејмс Пердју и дипломатот Сорен Јесен Питерсен.
На оваа конференција свои говори имаа и амбасадори од другите земји акредитирани во Македонија, аналитичари, професори и др.
Конференцијата вториот ден продолжи во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје