Меѓу другите истакнати гости на церемонијата беа присутни и Амбасадорот на Република Албанија Агим Чејку, амбасадорот на Република Косово Скендер Дурмиши, градоначалникот на Општина Тетово, проф. д-р Сади Беџети, градоначалникот ан Општина Гостивар проф. д-р Руфи Османи и градоначалникот на Општина Дебар , Аргетим Фида.
Во завршниот говор Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика меѓу другото истакна „Денес,успешно привршуватееден циклус од вашето академско образование, преземајќи нови одговорности во спроведувањето на стекнатите знаења за време на студиите на Универзитетот на Југоисточна Европа“.
„Неслучајно, од денес вие ќе бидете академски граѓани, односно најдостојни преносители на знаења во средините во кои ќе бидете. Овој настан, не може да не се проследи со чувство на ентузијазам за самиот Универзитет, раководниот кадар и за професорите, а за мене едел од една семејна радост“, рече ректорот Дика.
„Оваа година одбележуваме 10 годишница од УЈИЕ- десет години ние сме на ова место и останавме верни на нашата мисија да образуваме нова генерација лидери за Македонија, Балканот , Европа и за светот“ рече Провостот на УЈИЕ проф. д-р Пол Фостер.
Провостот исто така истакна: „Денес е важен ден во вашите животи! Работевте напорно во текот на студиите, се здобивте со нови знаења, научивте нови вештини и го искусивте вистинското светско образование тука во убавото Тетово под прекрасната Шар Планина!“
Лауреатот на Нобелова награда со албанско потекло проф. Ферид Мурад, рече дека образованието на младите е многу важно не само за оформување на нивните личности туку и за општеството во целост. Тој рече дека се надева повеќето од апсолвентите ќе продолажат да инвестираат во нивното знаење во иднина, бидејќи со тој чекор ќе се прошират нивните перспективи.
„ Јас не сум тука за да ви зборувам колку е драгоцено и важно образованието, затоа што вие го знаете тоа, а истражувањата во оваа област укажуваат дека колку повеќе сте образувани толку е поквалитетен и финансиски одржлив вашиот живот “, рече проф. д-р Ферид Мурад .