Во текот на оваа посета, студентите меѓу другото беа информирани соисторијата на ова претпријатие а посебно со процесот на приватизацијана претпријатието од опшествено во приватно .
Генералниот директор на фабриката, Неџметин Ејупи, зборуваше за приватизацијата, која билаизвршена преку посебни спредни/индиректни методи во 2006 година, за развојот на компанијата и за идните планови.
За време на состаноците со менаџментот на оваа фабрика серазговарашеза продолжување на соработката и во принцип беше постигнат договор најдобрите студентите да имаат можност да јареализираат практичната работа или да бидат вработени.
Практичниот аспект и собирањетоискуства од успешните компании е многу важен елемент во создавањето на личноста на менаџерите на иднината, така што студентите имаа можност одблиску да се запознаат со активностите на претпријатието од почеток до крај.Оваа компанија има околу 250 вработени и има тренд на раст во сите сектори.
Студентите изразија задоволство од посетата, надевајќи се дека во иднина ќе бидат реализирани повеќе посети од овој вид.
Посетата беше организирана од страна на професорите Селајдин Абдули и Садри Алија од Факултетот за бизнис и економија.
