Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика и провостот проф. д-р Пол Фостер неодамна патуваа во САД и остварија средби со претставници од Владата и од Универзитетот.
Првиот состанок беше во Вашингтон ДЦ со претставници од Стејт департментот на САД. Ректорот Дика и провостот Фостер се сретнаа и со Мери Елен Нунан Кониг, Шеф на одделот за програми за Европа и Азија во Одделот за образование и култура во Стејт Департментот на САД. Делегацијата од ЈИЕУ ја информираше г-ѓа Кониг за развојот на УЈИЕ и се отвори дискусија за понатамошна соработка за Фулбрајтовата програма. УЈИЕ веќе имаше претходно искуство со лица од програмата Фулбрајт и ќе продолжи и понатаму да ги поканува на Универзитетот за да го споделат нивното академско искуство со студентите и со кадарот од УЈИЕ.
Следените состаноци беа со претставници од УСАИД , имено Гери Битнер, директор за високо образование и развој на работна сила, и д-р Лубов Фајфер, советник за образование во УСАИД. Бидејќи УСАИД е стејкхолдер на УЈИЕ, дискусиите се фокусираа на основањето на УЈИЕ и на постојаниот развој. Состанокот исто така се фокусираше на тоа како може УЈИЕ да учествува во следните проекти на УСАИД и да ја поддржи изградбата на капацитети во Република Македонија.
По состаноците во Вашингтон Д.Ц ректорот Дика и провостот Фостер патуваа во Блумингтон, Индијана за да се сретнат со претставници од стратегискиот партнер на УЈИЕ, Универзитетот во Индијана (УИ). Тие се сретнаа со претседателот на Универзитетот во Индијана проф. Мајкл Мек Роби и голем број претставници од Универзитетот Индијана вклучувајќи ги: Чарлс Рифснајдер, извршен заменик - декан за меѓународни програми, проф. Патрик О`Мера, Заменик – претседател за меѓународни односи на Универзитетот Индијана . Овие состаноци се фокусираа на конкретните чекори за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Универзитетот Индијана и УЈИЕ во следните години и на преземање конкретни чекори за понатамошен развој на инвестирањето во пазарот на капиталот на УЈИЕ. Претседателот Мек Роби забележа дека во тек на следните месеци повторно ќе го посети УЈИЕ.
Делегацијата од ЈИЕУ продолжи со состаноци со претставници од факултетите од Универзитетот во Индијана . Тие се сретнаа со одговорните на Школата за јавни и еколошки работи вклучително и со деканот на школата проф. Дејвид Рајнголд и проф. Метју Ауер, Декан на колеџот Хатон Онорс. Дискусиите вклучуваа и можности за размена на кадар и развој на наставната програма со Факултетот за јавна администрација и политички науки и потенцијално основање Школа Онорс во УЈИЕ.
Понатамошните состаноци се реализираа со претставници од Деловната школа Кели во Универзитетот во Индијана како што е проф. Венкатараманан, заменик-декан за академски програми и проф. Ричард Маѓука, претседател, Глобална извршна МБА програма и Корпоративни програми од Школата Кели. Дискусиите беа околу ревидирање на наставните програми на факултетот за бизнис и економија , академските програми и ангажирањето академски кадар од УИ и УЈИЕ за подолг временски период. Покрај тоа, претставници од Школата Кели покажаа искуство во испорака на он-лајн програми и бидејќи УЈИЕ тековно нуди академски програми преку е-учење се спомена и можна соработка помеѓу Факултетот за бизнис и економија и Школата Кели за наставни модули.
Пред да се вратат во Македонија , ректорот Дика и провостот Фостер исто така посетија пријатели од УЈИЕ на кампусот на УИ во Индијанополис, каде што се организираше посебен ручек за сите лица од УИ вклучени на УЈИЕ. Тие се сретнаа и со Меџит Ферати кој е ангажиран на УЈИЕ а тековно е на докторски студии во УИ.
Оваа посета на САД покажува дека УЈИЕ активно ќе продолжи со соработката со Владата на САД и стратегискиот партнер, Универзитетот во Индијана.
