COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф. д-р Бесник Фетаи издаде научен труд во Институтот Вилијам Дејвидсон на Универзитетот во Мичиген

Назив на трудот: „ Премин на девизниот курс во економиите во транзиција : Случајот на Република Македонија“

Во овој труд се истражуваат релативните трошоци и придонеси при воведувањето различни режими за девизен курс во Република Македонија.Во истражувањето сите економетриски резултати со употреба на различни методологии (SVAR иVECM)покажуваат дека воведувањето на различна стратегија за девизен курс за да се промовира брзиот економски развој може лесно да ја наруши макроекономската стабилност (откако ќе се достигне на одржлив трошок) без значителни економски придонеси. Долгорочно, коефициентот за девизен курс открива дека еден процент промена во девизниот курс ќе генерира зголемување на цените за 0.52 проценти,укажувајќи дека 52 проценти од промените во девизниот курс се вметнуваат на нивото на цените. Со истражувањето се предлага дека со воведување различна стратегија за режимот за девизен курс може да се навлечат повеќе трошоци отколку придобивки.

На академското рангирање на светските универзитети (2010) , Универзитетот во Мичиген е меѓу врвните десет светски универзитети за општествени науки.

Google+