COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студенти од ЈИЕУ создадоа робот кој чита и реагира според средината

Роботот го детектира местото каде се наоѓа, ги „гледа“ ѕидовите и пречките пред да се соочи со нив и потоа се врти кон лево или десно за да ја одреди насоката по која треба да се движи. Доколку случајно наиде на препрека, со помош на сензорот кој реагира на допир роботот запира за да одлучи на која страна ќе го продолжи патот.

Робот што чита и реагира според средината е креација од студенти од насоката компјутерско инженерство, Арлинда Имери, Фјола Илјази и Мјафтиме Алили.

Проектот закреирање на роботот се реализираше во рамките на дипломската работа со помош на менторот Азир Алиу. Роботот е креираан со користење на ЛЕГО Mindstorms NXT пакет 2.0, со цел создавање „вистински“ и „физички“ проект во областа на роботиката, бегање од традиционалните апстрактни форми кои се среќаваат во проектите во целина.

„Наша цел е овој труд да послужи како иницијатива за идните истражувања кои ќе се направат во областа на роботиката, како и за зголемување на нашиот ентузијазам и интерес за користење на програмирањето како алатка која ќе ги постави во движење овие уреди. Проектот претставува можност овие уреди да влезат во нашиот Универзитет и да им послужат на идните студенти како алатка во наставата и истражувањата во соодветните области со користење на различни на забавни и интереснни методи “, велат студентите.

Роботот го детектира местото каде се наоѓа, ги „гледа“ ѕидовите и пречките пред да се соочи со нив и потоа севрти кон лево или десно за да ја одреди насоката по која треба да се движи. Доколку случајнонаиде на препрека, со помош на сензорот кој реагира на допир роботот запира за да одлучи на која страна ќе го продолжи патот.

„Со овој труд сакаме да ги поттикнеме вработените и студентите да јаискористат оваа технологија во различни области и модули“, велат студентите.

Студентите се надеваат дека во блиска иднина на Универзитетот ќе се формира „РОБОТ КЛУБ“, каде што студентите ќе имаат можност да ги искажат своите идеи и способности.

Google+