Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Американскиот амбасадор Филип Рикер доби награда за лидерство

Институтот за демократија и развој, во четвртокот (05 мај 2011), на американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер му ја додели годишната награда за лидерство за 2010 година.

На церемонијата одржана во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово директорот на институтот, Ветон Латифи, во својот говор високо ја оцени работата и улогата на амбасадорот Рикер за интегративните процеси во Македонија кон НАТО и Европската Унија. Латифи истакна дека амбасадорот Рикер е голем поттикнувач на македонските власти, на граѓанското општество и на народот во процесот на институционалните реформи.

„Институтот за демократија и развој има чест да го објави добитникот на наградата за лидерство во 2010 година, американскиот амбасадор во Скопје, неговата екселенција г-дин Филип Рикер. Наградата им се доделува на поединци или на јавни институции за истакнување и вреднување на напорите и извонредните резултати во процесот на консолидација и демократските реформи во Република Македонија“, изјави Ветон Љатифи, директор на Институтот.

Амбасадорот Рикер изрази задоволство за честа што му се укажа со доделување на наградата и истакна дека оваа награда ја посветува на целиот американски дипломатски кор во Македонија, кој ја поддржа реализацијата на неговите идеи и проекти.

„Навистина се чувствувам почестен денес со доделувањето на оваа награда и ми претставува посебна чест да бидам тука меѓу колегите, пријателите, како амбасадорот Соренсен, Улрика, Харбон. Јас навистина научив многу од другите амбасадори, кои работат во дипломатските кор кон реализацијата на она што се надевам дека ќе биде најдобро за Република Македонија. Сега кога се подготвувам да го напуштам моето место како амбасадор на САД, после три години, ќе се сеќавам на посебни настани, како што е овој денес како и соработката која ја развивавме во текот на поминатите години не само со владата туку и во другите институции и организации “, рече Филип Рикер, амбасадор на САД во Македонија.

„Амбасадор на САД- како поим, доколку се подели на два збора: САД во овој регион е познат како одговорен за мирот и за безбедноста, постојан поддржувач за признавање на развојните потенцијали и во признавањето на човековите права и взаемната –мултикултурна разноликост како вредности кои можат да не доведат до просперитет. Во однос на вториот збор од првиот поим , јас само можам да кажам: тој е пријател на Универзитетот на ЈИЕ и на Република Македонија. Доколку ја прочитате неговата биографија ќе забележите дека тој е на некој начин поврзан со Република Македонија и со Универзитетот на ЈИЕ.“ рече ректорот Дика.

На церемонијата на доделувањето на наградата учествуваше и амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Питер Соренсен, амбасадорите на Албанија и Косово, дипломати, професори и студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Google+