„Многу не растажи веста за смртта на г.Макс ван дер Штул поранешен министер за надворешни работи на Холандија , дипломат од кариера и основач на Универзитетот на Југоисточна Европа“, рече ректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика.
„ Вчера, денес и засекогаш ќе бидеме благодарни на нашиот пријател Макс ван дер Штул , ветувајќи дека засекогаш ќе го следиме неговиот дух за да бидеме подготвени да развиеме конкретни дискусии во рамките на процесот на стандардизација на образованието“, рече во неговиот говор ректорот Дика.
Во неможност да присуствуваа на комоморативната седница, претседателот на Бордот на Универзитетот, д-р Денис Фарингтон, испрати писмо коe беше прочитано за присутните на седницата.
„ ЈИЕУ никогаш немаше да се отвори без него и секако тешкотиите со кои се соочивме во првите години на функционирње беа разрешени само со неговата напорна работа и определба. Сите кои работат на овој Универзитет нему му ги должат своите работни места. Дипломците од ЈИЕУ се многу подобро квалификувани отколку што би биле на кое и да било друго место во Македонија” , се вели во писмото на Денис Фарингтон
На комеморативната седница учествуваше амбасадорката на Холандија во Македонија, Симоне Филипини, претставници од мисијата на ОБСЕ во Скопје и други познати лица.
По повод смрта на Макс ван дер Штул, ЈИЕУ отвори книга на жалост а знамињата во Кампусот се симнати на половина копје.
