На 21.04.2011година Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа со своите соработници беше во посета на министерот за образование, наука и технологија на Република Косово, проф. д-р Раме Буја. Во оваа прилика и двете страни дискутираа за можностите за продлабочување на соработката во областа на високото образование. На овој формален состанок министерот Буја изрази подготвеност за идна соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа во интерес на студентите од двете земји, затоа што на ЈИЕУ студираат голем број студенти од Косово.„Ние сме подготвени да ја интензивираме соработката за да го подобриме квалитетот на високото образование и да имаме подобро подготвен кадар“ рече министерот Буја и ги поздрави лидерите на ЈИЕУ и сите оние кои придонесоа за основање на ЈИЕУ.
Ректорот Дика се заблагодари на министерот Буја за неговата поддршка и рече дека ЈИЕУ е подготвен за соработка не само со Приштина туку и со Тирана со цел да ги искористи можностите кои се во интерес на универзитетите и на студентите од двете земји. „Ние треба да ја разгледаме можност за олеснување на административните процедури за студентите на ЈИЕУ во Косово“ рече меѓу другото Ректорот Дика.