Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Замир Дика: Ван дер Штул беше неуморен борец за човековите права во светот

Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, проф. д-р Замир Дика, во име на сите вработени и студенти испрати телеграми со сочувство до семејството на г-дин Ван дер Штул, до Холандската амбасада и до мисијата на ОБСЕ во Скопјe

Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, проф. д-р Замир Дика, во име на сите вработени и студенти испрати телеграми со сочувство до семејството на г-дин Ван дер Штул, до Холандската амбасада и до мисијата на ОБСЕ во Скопје, во која се вели:

Веста за смртта на г-дин Макс ван дер Штул, поранешен холандски министер за надворешни работи, дипломат од кариера и иницијатор на основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово многу не растажи. Почитувано семејство на нашиот голем пријател, ова е тажен момент за Вас, но и за сите нас во Универзитетот на Југоисточна Европа. Ние имавме среќа што го запознавме овој брилијантен човек. Макс ван дер Штул беше редок човек, полн со топлина и разбирање. Ние, изгубивме еден неуморен борец за човековите права во целиот свет. Засекогаш ќе бидеме благодарни за неговиот исклучителен придонес. Во оваа прилика во името на Универзитетот на Југоисточна Европа, на сите вработени и студенти, Ви изразувам искрено сочувство за загубата на вашиот сакан и наш скапоцен пријател Макс ван дер Штул.

На 27 април во 11:30 часот на Универзитет, ќе се одржи комеморативна седница, на која се поканети претставници од Владата на РМ, Холандската амбасада и мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Google+