Макс ван дер Штул двапати беше министер за надворешни работи на Холандија (1970 и 1980 година), амбасадор во ОН, а потоа и висок комесар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Нашиот голем пријател, Макс ван дер Штул беше неуморен борец за човековите права во целиот свет.
И ние како Универзитет на Југоисточна Европа и се приклучуваме на мислата на холандскиот премиер, г-дин Марк Рут, дека Холандија, ние како и сите мирољубиви луге го изгубивме човекот-симбол на човековите права.
По овој повод, Ректорот на ЈИЕУ, проф д-р Замир Дика, во име на сите вработени и студенти испрати телеграми со сочувство до семејството на г-дин Ван дер Штул, Холандската амбасада и ОБСЕ.
