Наградите на победниците им ги додели ректорот на ЈИЕ Универзитетот. Воопшто победници оваа година беа студентите од Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ - Скопје со вкупен број 88 добиении поени , на второ место беше ЈИЕУ со 85 поени и Државниот Универзитет од Тетово со вкупно 68 поени. Оваа година учествуваа 47 натпреварувачи од следниве универзитети : Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ –Скопје, Универзитетот „св.Климент Охридски“ – Битола, Државниот Универзитет од Тетово , Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип, Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, Универзитетот од Тирана, Универзитетот во Корча и Универзитетот во Приштина.
Натпреварот беше со меѓународен карактер и натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплината велеслалом на прекрасните патеки на туристичкиот центар Поповаа Шапка , Шар планина Тетово.
Во женска конкуренција на прво место се квалификуваше Ивана Ивчевска од Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ –Скопје со краен резултат 45.59 сек., на второ место беше Ивана Ивановска од Универзитетот „св.Климент Охридски“ –Битола со краен резултат 51.22 сек.; на третото место се квалификуваше Фјола Иљази, Универзитетот на Југоисточна Европа со краен резултат 53.84 .
„ Се радувам што можам да го дадам мојот придонес за севкупното рангирање на ЈИЕУ во овие натпревари . Со ова се охрабрив да продолжам со моите понатамошни ангажмани “ рече Флора Иљази.
Во машка конкуренција на прво место се квалификува Антонио Ристевски од Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ –Скопје со краен резултат 39.78 на второто место се квалификува Дардан Деари –Државниот Универзитет во Тетово со краен резултат 39.81 и на третото место се квалификува Мартин Мартиновски од Универзитетот за туризам и менаџнмент –Скопје со краен резултат 43.43.
Петтата зимска Универзијада 2011 свечено ја отвори ректорот на ЈИЕУ Замир Дика, кој меѓудругото рече: „Важно е да учествува но исто така важно е и да се победи. Ова ќе го докажете со натпреварите помеѓу вас”.
Организаторот на овој настан Менан Мемеди рече „Вистиско задоволство е што натпревариоте завршија на најдобар можен начин, никој не беше поврден и сите натпреварувачи успешно го завршија натпреварувањето. Квалитетот на овој натпревар може да с докаже со учество на двајца натпреварувачи од Македонија во оваа дисциплина Дардан Деари и Антонио Ристевски. Патеките беа на соодветно ниво и временските услови беа идеални“.