Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Дика го пречека амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија господинот Лазарото

Во среда (02.03.2011), Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, проф. д-р Замир Дика, го пречека амбасадорот на Швајцарската конфедерација, неговата екселенција Стефано Лазарато.

На овој состанок, ректорот Дика ги информираше гостите за развоите на универзитетот со цел да се интегрираат со новите трендови на модерното високо образование.

ЈИЕ Универзитетот продолжува да одговара на зголемените побарувања за изградба на капацитети кои ќе бидат од корист за следните генерации, рече Дика. Универзитетот е модел на универзитет не само во Македонија туку и во поширокиот регион. Сега ние вложуваме напори да го подобриме и модернизираме наставниот процес, да ги прошириме хоризонтите на знаења на нашите студенти. Важно е да се истакне дека примарни корисници се студентите.

Во однос на академскиот дел една од предностите по кои се истакнува Универзитетот на Југоисточна Европа во споредба со традиционалните универзитети во земјава и во регионов според него е способноста за постојан развој на студиските програми базирани на добро интегриран процес од сите учесници, особено вклучувањето на професорите- меѓународните експерти од САД и од европските држави. Процесот за развој на студиските програми ги следи препораките од меѓународните стандарди наведени во документите кои се базирани на Болоњската декларација и најдобрите практики од успешните меѓународни универзитети, рече ректорот Дика.

По состанокот амбасадорот Лазарото направи обиколка на кампусот и застана во библиотеката на Универзитетот каде ги воочи барањата на студентите за нови изданија кои ќе ги користат за студирање.

Google+