Истражувањето е клучното прашање на Европската унија за овој век, рече на отворањето на семинарот, проректорот на ЈИЕУ за истражување проф. д-р. Блерим Река. Тој истакна дека нашата целта е ЈИЕУ да прерасне во регионален модел за истражување.
Г-ѓа Дитурије Исмаили, раководител на Канцеларијата за истражување зборуваше за истражувачката работа на ЈИЕУ. Таа рече дека Канцеларијата има направено многу важни работи за поддршка и стимулирање на кадарот да се вклучи во различни проекти и ги презентираше досегашните активности на Канцеларијата за истражување.
За Седмата Рамковна Програма за истражување и технолошки развој (ФП7), говореше г-ѓа Татјана Арсова, ангажирана во ЈИЕУ како координатор на оваа програма. Таа рече дека на ниво на програмата се доделени 50 милијарди евра за проекти. Таа ги информираше учесниците за процедурата за аплицирање и областите за кои тие можат да конкурираат.
Г-ѓа Албулена Халили, претставник на Канцеларијата за истражувања рече дека целта на семинарот е да се зајакнат и изградат капацитетите на ЈИЕ Универзитетот и тој да стане центар за изработка на проекти за истражување и да нуди услуги од овој вид за заинтересираните страни.
Проректорот за истражување на ЈИЕУ, проф. д-р Блерим Река, рече дека во иднина се планирани повеќе семинари од оваа област фокусирани на конкретни заинтересирани групи.
