Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите од ЈИЕУ во посета на европските институции во Стразбур

Од 24 - 31 јануари во Стразбур престојуваше  група студенти од Македонија и  од Албанија. Организатори и водачи на групата беа проф. д-р Илбер Села и д-р Владимир Ламе. Студентите имаа можност да го посетат Советот на Европа, Европскиот Парламент и Европскиот суд за човекови права.

Студентите од вториот циклус на студии од Факултетот за јавна администрација и политички науки на ЈИЕУ првиот ден од посетата ја следеа работата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Вториот ден од нивниот престој во Стразбур студентите беа во посета на Европскиот суд за човекови права за да се информираат за функционирањето на оваа институција и исто така имаа можност да го следат и предавањето на судијата, Леди Бианку претставник на Р.Албанија во Европскиот суд за човекови права,.

Третиот ден тие го посетија Европскиот парламент и присуствуваа на предавањето за функционирањето и историјата на Европскиот парламент.

Во текот на следните денови студентите посетија различни универзитети во Франција и во Швајцарија.

Google+