Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во Европскиот Универзитет во Тирана се промовираше книгата „Геополитика и техники на проширувањето на ЕУ“ на проф. д-р Блерим Река

Во просториите на Европскиот Универзитет во Тирана (ЕУТ), во петокот (17 декември 2010), се промовира книгата „Геополитика и техники на проширувањето на ЕУ“ на проф. д-р Блерим Река.
На промоцијата на книгата освен академскиот кадар на Европскиот Универзитет на Тирана учествуваа и познати академици и професори од Албанија.
Претседателот на ЕУТ проф. д-р Теута Дода истакна дека ова дело има голема вредност бидејќи во детали го третира и анализира процесот на проширување на ЕУ. Во книгата се аргументираат и истражуваат разни турбулентни случувања во историјата на геополитиката на проширувањето на ЕУ особено се фокусира на процесот на идното проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан.
Целосна експертиза за геополитиката и техниките на проширувањето на ЕУ направи проф. д-р Ксенофон Крисафи. Опциите претставени во книгата придонесуваат за регионалниот развој и се чекор напред во пресрет на либерализацијата и слободното движење на новите геополитички конфигурации и пошироко во шемата на меѓународниот систем.
Ваквите книги се ретки, рече на промоцијата рецензентот на книгата проф. д-р. Илбер Села. Тој истакна дека делото претставува комбинација на личното искуство на авторот како амбасадор и дипломат. Според него книгата има „голема тежина во европски димензии и претставува вредна и успешна работа на личната, дипломатската и академската посветеност на авторот“.
За книгата зборуваа проф. д-р Паскал Мило, проф. д-р Фатос Тарифа, проф. д-р Еника Абази. Заеднички именител на нивните говори беше дека „изданијата како книгата на проф. д-р. Блерим Река се ретки и фактот дека книгата е издадена од познатата издавачка куќа во Брисел јасно укажува дека книгата ги има поминато регионалните граници“
Книгата на проф. д-р. Блерим Река е објавена од познатата издавачка куќа Аспект од Брисел.
Проф. Река е автор на 16 книги во овие области и на 60 научни студии, објавени на англиски, на германски и на шпански јазик.
Google+