Во среда, 15 декември, во присуство на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, советникот за соработка и културна акција на Амбасадата на Франција во Скопје, г. Жaн-Ив Лавоар, директорот на Француската алијанса во Тетово, г.Пол Шамбри, директор на канцеларијата за меѓународни односи во ЈИЕУ, г.Луан Ештрефи и претседателот на Француската алијанса во Тетово, г. Фатон Шерифи, Универзитетот на Југоисточна Европа потпиша меморандум за соработка со Француската алијанса во Тетово.
Според потпишаниот меморандум, испитите за добивање на дипломите DELF и DALF за познавање на француски јазик кои се доделени од страна на Француското министерство за образование ќе бидат организирани од страна на Француската алијанса во Тетово и ќе се одржат на Универзитетот на Југоисточна Европа.
ЈИЕУ и Француската алијанса во Тетово потпишаа меморандум за соработка
15 декември 2010Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics