Честитки до победниците и добитниците на наградата за учење и настава за 2009-10 - Теута Иљази и Садри Алија. Тие добија награда во вредност од 1000 евра за нивниот труд насловен „Наставата во мали групи го мотивира учењето“ во кој е вклучено истражување за тоа колку традиционалните методологии или методологиите за настава во мали групи можат да влијаат врз задоволството и оценувањето на резултатите од студентите.
Во согласност се издадените критериуми беа доставени четири други проекти: од Марика Апостолова Трповска и Бурим Исмаили во однос на вредноста на преносливите компјутери за учењето на студентите, од Билјана Саздановска за придобивките на моделот за учење кој ги поврзува теоријата со практичната апликација во работна средина, од Елена Спировска, Артан Лимани, Хајрула Хајрулаи, Луиза Зеќири и Сердал Џемали фокусиран на зајакнување на можностите за развој на кадарот преку учество во работилници и поттикнување на само-одразувањето преку размена на успешни пракси во училница и на крајот од Арбен Хајра, Фидан Лимани и Висар Шеху за промоција на употребата на он - лајн систем за анализи и за евалвација на обезбедувањето квалитет на различни нивоа и за различни цели.
Сите проекти ги евалвираше Томас Олсон , хемиски инженер на Универзитетот во Лунд , Шведска и експерт во образовен развој, истражување и иновација за извонредност во учењето и наставата во високото образование. Неговите заклучоци по непристрасната евалвација на проектите беа „ во сите пет проекти има вклучено интересни и вредни иницијативи за обезбедување квалитет кои на различен начин ќе ги подобрат наставата и учењето на ЈИЕУ“ Исто така ве информираме дека критериумите за награда за 2010-11 ќе бидат издадени во декември со иста награда во вредност од 1000 евра за најдобар проект.
Честитки до победниците и до учесниците.