Во ЈИЕУ во четвртокот (21 октомври 2010 година), се одржа ориентациониот ден и во пригодна церемонија започна новата академска година за студентите од вториот циклус на студии во двата универзитетски кампуси во Тетово и во Скопје.
Пригоден говор пред студентите во Центарот во Скопје одржа ректорот на ЈИЕУ, проф. д-р. Замир Дика, кој им честита на студентите за изборот кој го направиле за да студираат во ЈИЕУ. „Студирањето во ЈИЕУ подразбира динамични студии, усогласени и интерактивни во рамките на нашите универзитетски кампуси во Тетово и во Скопје, при тоа обезбедувајќи оптимални услови за сите. Сите ќе имаат можност да размислуваат за она што го научиле во текот на своите студии и да ги применуваат теоретските знаења во практика. Убеден сум дека по завршувањето на студиите ќе ги покажете своите афинитети, знаења и професионална одговорност “, рече ректорот Дика.
Во универзитетскиот кампус во Тетово добредојде на студентите во вториот циклус на студии им посака проректорот (провост) за академски прашања, проф. д-р Пол Фостер.
„Да се биде студент значи да се има одредени права и одговорности. Ние, административниот и академскиот кадар ветуваме дека на прво место ќе бидат вашите интереси и дека ќе ви понудиме квалитетни сервиси и академски програми Вие од друга страна, мора да ни ветите дека ќе бидете искрени, свесни и трудољубиви студенти- редовно ќе ги посетувате часовите, активно ќе учествувате на предавањата и над се ќе бидете отворени кон светот на нови знаења и идеи“ рече заменик-ректорот Фостер.Студентите на магистерски студии имаа можност да се информираат за разните сервиси кои ги нуди Универзитетот за поддршка во текот на нивните студии.
Започна новата академска година за студентите од вториот циклус на студии
25 октомври 2010

Повеќе вести
- На УЈИЕ се одржа Саемот за кариера 2026 – мост помеѓу студентите и пазарот на трудот
- УЈИЕ и ХЕРА потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на практичната настава и истражувањето во области од општествено значење
- Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом
- Во УЈИЕ најталентираните средношколци се натпреваруваа на Националната олимпијада по економија
- Младите против насилството: Едукативна обука со средношколци на УЈИЕ
- УЈИЕ дел од Годишната конференција на ЕУА во Истанбул
- Посета на Амбасадата на САД и презентација на програми за образовна размена на УЈИЕ