Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф. д-р Блерим Река ја промовираше својата најнова книга

Во ЈИЕУ, во четвртокот (14 октомври 2010), проректорот за истражување и промоција, проф. д-р Блерим Река ја промовираше својата најнова книга насловена „Геополитика и техники на проширувањето на ЕУ.
" Во книгата детално се третира и се анализира процесот на проширување на ЕУ, со аргументи и истражувања на различни превирања во историјата на геополитиката и проширувањето на Европа, фокусирајќи се особено на политиката и на процесот на интегрирацијата на Западен Балкан во ЕУ.
Книгата е поделена во четири поглавја и претставува анализа на процесот на проширување на Европската Унија во геополитичка и техничка димензија, врз основа на четиригодишното истражување (2006-2010) на проф. д-р. Блерим Река во Брисел, како амбасадор на Р. Македонија во Европската Унија.
„Во оваа книга, се обидувам да ги докажам тврдењата дека процесот на проширување на ЕУ, беше и остана геополитички процес во кој суверена држава се трансформира во држава членка“, рече проректорот Река.
„Оваа книга ги премина регионалните граници и има голема вредност во европски размери и претставува непроценлива труд во успешниот академски, дипломатски и професионален развој на авторот", вели проф. д-р. Илбер Села, кој воедно е и рецензент на книгата.
Книгата е објавена од познатата издавачка куќа „Аспект“, од Брисел чиј преставник на промоцијата беше Џејмс Ханд, кој ја пофали книгата и оцени дека таа претставува уште еден успех на авторот.
Проректорот Блерим Река е автор на 16 книги и на 60 научни студии, објавени на англиски, на германски и на шпански.
Google+