Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Посета на Амбасадата на САД и презентација на програми за образовна размена на УЈИЕ

На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денес престојуваа претставници од Амбасадата на САД во Северна Македонија, г. Чарлс М. Сантијаго, службеник за јавна дипломатија и г. Газменд Илјази, координатор за програми на поранешни студенти- алумни.

Г. Чарлс М. Сантијаго говореше пред студентите и пред вработените за улогата на јавната дипломатија и значењето на меѓународната академска соработка, додека г. Газменд Илјази сподели корисни информации за програмите за образовна размена. Тие ги истакнаа можностите што овие програми ги нудат за студентите и за младите кои сакаат студиски искуства на универзитети во Соединетите Американски Држави.

На настанот, двајца студенти од Факултетот за современи науки и технологии при УЈИЕ ги споделија своите искуства како добитници на стипендии од програмта Фулбрајт.

Рон Исмаили, кој се очекува да ги продолжи своите студии во САД и Флорина Асани, која ја реализирала програмата на Политечничкиот Интитут Ворчестер, ги презентираа своите академски и лични искуства, осврнувајќи се на предизвиците и придобивките од студирањето во меѓународна средина, инспирирајќи ги присутните студенти да следат слични патишта.

По презентацијата, претставниците на Амбасадата на САД одржаа средба со Советничката за односи со заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи на која ги дискутираа можностите за продлабочување на соработката во области од взаемен интерес. Потоа, тие го посетија Институтот „Макс ван дер Штул“, каде беа пречекани од директорот проф. д-р Вели Креци и вработените во Институтот, разменувајќи мислења за развојот на високото образование и перспективите за понатамошна соработка.

На крајот од посетата, претставниците на Амбасадата на САД ја посетија и Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“, каде беа пречекани од г-ѓа Елмедина Абдулаи, одговорна на библиотеката и воедно се запознаа со капацитетите и ресурсите што им се достапни на студентите и на академскиот кадар.

Google+