Новиот ректор беше избран со мнозинство од вкупниот број на гласови од членовите на Одборот, каде што изборната постапка беше спроведена во согласност со Статутот на Универзитетот.Претседателот на Одборот иззеде еден член на Одборот од процесот на гласање поради судир на интереси со еден од кандидатите за ректор.
Треба да се напомене дека во конкурсот за нов Ректор на УЈИЕ беа вклучени и одредени барања за оваа позиција: академско звање – редовен професор признато од страна на државата, искуство во управување (по можност да е добиено на универзитет), ентузијазам за развивање со специфичност на мисијата на Универзитетот, давајќи приоритет на кандидатите кои ги знаат јазиците кои се користат на Универзитетот, како што се албанскиот, македонскиот и англискиот јазик.
Одборот во името на целиот кадар му честита на новиот Ректор!
