Во рамките на „Светскиот ден на книгата“, Институтот за социологија, во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот „Марин Барлети“ од Тирана и издавачката куќа „ Дудај“ од 19 до 24 април 2010 година во Тирана ја организираа „Неделата на книгата 2010”.

" /> Во рамките на „Светскиот ден на книгата“, Институтот за социологија, во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот „Марин Барлети“ од Тирана и издавачката куќа „ Дудај“ од 19 до 24 април 2010 година во Тирана ја организираа „Неделата на книгата 2010”.

">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

ЈИЕУ во ,,Неделата на книгата 2010”

Во рамките на „Светскиот ден на книгата“, Институтот за социологија, во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот „Марин Барлети“ од Тирана и издавачката куќа „ Дудај“ од 19 до 24 април 2010 година во Тирана ја организираа „Неделата на книгата 2010”.

Во просториите на Универзитетот „Марин Барлети“ во Тирана беше отворен и Салонот на книгата на кој сите автори имаа можност да ги изложат своите избрани книги. Салонот на книгата беше отворен од 08:30 часот до 16:00 часот. Разговорот со студентите и другите заинтересирани, размена на книги и дебата за важноста на книгата сега и во иднина, беа главните теми на дискусиите кои беа организирани во рамките на оваа активност.

Неделата на книгата заврши со презентацијата на серијата книги на проф. Сервет Плумби, академски директор на Институтот за социологија (10 книги од периодот 2000-2010 година). За време на оваа активност беше организирана и дебата за филозофското и социолошкото мислење искажана во двете последни изданија на проф. Сервет Плумби „ Глобализација– филозофски рефлексии за една ера“ и „ Филозофија на актуелноста“. Друг значаен настан беше и презентацијата на „ Социолошкиот речник“ на д-р Али Пајазити од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, кој претставува уникатен примерок од ваков вид напишан на албански јазик.

Во рамките на овој настан се реализираше  и потпишувањето на институционалната соработка помеѓу ЈИЕУ и Универзитетот „Марин Барлети“.

Google+