Конференцијата беше организирана од Албанското здружение на физиотерапевти, во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, означувајќи важен момент за академскиот и за практичниот развој на професијата физиотерапевт во регионов.
Поздравни говори одржаа претседателот на Конференцијата, Фадил Рустеми, кој им посака добредојде на сите гости, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката, претставници од Универзитетот, јавните институции и самите истражувачи во областа кои ја направија успешна оваа конференција.
Во својот поздравен говор, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. Проф. д-р Абдулменаф Беџети, нагласи дека нашиот развој и раст како Универзитет на ЈИЕ е постепен, внимателен и дека ентузијазмот и професионализмот на персоналот ја докажуваат нашата посветеност и целта за континуирано проширување во оваа област.
Во својот поздравен говор, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, нагласи дека нашиот развој и раст како Универзитет е постепен, внимателен и дека ентузијазмот и професионализмот на кадарот ја докажуваат нашата посветеност и цел за континуирано проширување во оваа област.
Поздравни говори одржаа и министерот за социјална политика и демографија, г. Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и претседателот на Албанското здружение на физиотерапевти, Фатон Даци.
Деканката на Факултетот за здравствени науки, д-р Данијела Војтикив - Самоиловска, во својот говор ги презентираше достигнувањата на Факултетот за здравствени науки.
Во текот на двете сесии на конференцијата, учесниците присуствуваа на научни и практични презентации на актуелни теми како што се: нехируршки третман на сколиоза, рехабилитација по мозочен удар, виброакустична терапија, современи пристапи кон болки во долниот дел од грбот, влијанието на COVID-19 врз квалитетот на животот и употребата на нови технологии како што се функционална магнетна стимулација и вештачка интелигенција во физиотерапијата.
Посебен фокус беше ставен на напредната терапија, новите научни пристапи и интеграцијата на технологијата во рехабилитациската нега.
Конференцијата заврши со признанија и сертификати за придонесот на секој учесник и заедничка порака за континуирана регионална и меѓународна соработка за развој на физиотерапијата како суштинска професија во здравствениот систем.
