Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети на 15-годишнината на IBC-Митровица: Повик за регионална соработка во високото образование

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествуваше на свечената церемонија по повод 15-годишнината на Меѓународен бизнис колеџ – Митровица (IBC-M), кој од 2023 година функционира како јавен универзитет во Косово. Церемонијата се одржа денес (15.05.2025г.) на кампусот на IBC-M во Митровица.

Во својство на претставник на ректорите од регионот, ректорот Беџети одржа поздравен говор пред присутните, при што ја истакна важноста на интеруниверзитетската соработка на регионално ниво. Тој апелираше за поголема координација меѓу институциите за високо образование, подвлекувајќи ја потребата од оптимизација на ресурсите, избегнување на дуплирање на академската понуда и создавање регионални центри на извонредност во специфични научни области.

Во овој контекст, тој се осврна и на успешната соработка меѓу УЈИЕ и IBC-M, преку заедничкиот проект „STAND“, кој успешно беше завршен оваа година, придонесувајќи за зајакнување на академските и на истражувачките капацитети на двете институции.

Google+