На настанот присуствуваа академици, истражувачи и професионалци од повеќе од 20 земји, кои имаа можност да ги споделат своите истражувања и перспективи за клучни теми, како што се одржлив развој, циркуларна економија, вештачка интелигенција, претприемништво, маркетинг, финансии и правни аспекти на економската отпорност.
Конференцијата ја отвори проф. д-р Беса Арифи, проректорка за истражување и за меѓународна соработка, која им се заблагодари на сите учесници, особено на истражувачите, кои придонесоа со своите трудови од различни области и теми на студии.
Присутните ги поздрави и деканката на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази – Алили, која исто така им се заблагодари на сите учесници и на целиот кадар кој придонесе за организацијата и непреченото одвивање на конференцијата. Таа изјави дека целта на конференцијата е да се осврне на предизвикувачки и интердисциплинарни теми.
Проф. д-р Веланд Рамадани, претседател на конференцијата презентираше во врска со организацискиот аспект и големината на конференцијата и за податоците за постигнатите резултати на досега организираните конференции. Тој нагласи дека конференцијата се зголемила по обем и учество, додека научните трудови ќе бидат објавени во „Springer Proceedings in Business and Economics“ индексирани во „Scopus“.
На пленарната сесија, главни говорници беа познати академски личности, како што се: проф. д-р Кристина Теодораки (Франција), која презентираше на тема „Дизајнирање одржливи и отпорни претприемачки екосистеми во несигурен свет“, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој имаше презентација за „Економската дезинтеграција и новите предизвици“ и акад. проф. д-р Бесник А. Красниќи (Косово), кој презентираше на тема „Иновација за одржливост: Како институциите и претпријатијата водат одржливи бизнис-модели во Европа“.
Конференцијата се одржа во паралелни сесии, со околу 100 научни трудови од 160 автори, презентирани во шест тематски области, меѓу кои: Одржливост и циркуларна економија, Економија и финансии, Претприемништво и семеен бизнис, Менаџмент и маркетинг, Информациски системи и вештачка интелигенција, Правни аспекти и Економска отпорност.
