На овој комеморативна средба, која се одржа во просториите на Универзитетот, присуствуваа членови на семејството, студенти, професори, колеги и блиски соработници на проф. д-р Хамит Џафери.
Поздравниот говор го одржа ректорот на УЈИЕ, акад.проф.д-р Абдулменаф Беџети, кој евоцираше спомени од неговата прва средба со проф. Џафери, опишувајќи го како мирна, посветена и ретка фигура во професионализмот.
„Од првиот момент кога го запознав, проф. Хамит Џафери тој се одликуваше со ретка смиреност и длабока професионална посветеност. Беше тивок по изглед, но гласен во делата“, нагласи ректорот Беџети.
Реквиемот за починатиот го прочита проф.д-р Демуш Бајрами, декан на Факултетот за јазици, култури и комуникации, опишувајќи го проф. Џафери како мудра и неуморна личност која оставила неизбришлива трага на академскиот развој на Факултетот и на Универзитетот воопшто.
Посебен дел од средбата беше говорот на проф. д-р Веби Беџети, долги години близок соработник и колега на починатиот, кој со присутните сподели лични и професионални спомени. Тој високо го пофали знаењето, мудроста и посветеноста на проф. Џафери во наставата, истражувањето и во оформувањето нови генерации лингвисти.
Во име на семејството со зборови на благодарност и посветеност се обрати ќерката на починатиот, која се заблагодари на институцијата и на колегите за почитта и грижата што ја покажуваат кон ликот на нејзиниот татко.
