Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Летна правна школа на УЈИЕ: „Ние, законот и правото“ – прозорец кон правната иднина за младите

На 18. април 2025 година во организација на Правниот факултет во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа второто издание на Летната правна школа „Ние, законот и правото“, со учество на околу 200 ученици од средните училишта од градовите Тетово, Гостивар и од околината.

Настанот го отвори проректорката за истражување и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, а потоа поздравен говор имаше и доц. д-р Албана Метај-Стојанова, координатор на Правниот факултет и организатор на оваа активност. Таа ја истакна важноста на правното образование од најмала возраст за градење праведно и одговорно општество.

Предавања одржаа- проф.д-р Арта Меро, проф.д-р Беса Арифи, доц. д-р Албана Метај, како и одличните студенти од Правниот факултет, Ера Садику и Елиса Мурсели, кои споделија искуства, знаења и ги инспирираа младите луѓе со своите интерактивни презентации

Учениците активно се вклучија во дискусии за прашања од семејното, од кривичното и од граѓанското право, а на крајот на активноста им беа доделени сертификати за учество.

Оваа активност се реализираше во соработка со средните училишта во градовите Тетово и Гостивар, како што се: Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, Економското училиште „8. септември“, Медицинското училиште „Никола Штејн“, Стручното училиште „Ѓоце Стојчески“, Земјоделското училиште „Моша Пијаде“, Гимназијата за земјоделство „Моша Пијаде“, Гимназијата „7. март“, Гимназијата и Економско училиште во Гостивар и Меѓународното училиште „Мариф“.

Летната правна школа е доказ за посветеноста на Правниот факултет да ги подготви младите луѓе со основни правни знаења и да ги всади во нив вредностите на правдата, еднаквоста и човековите права.

Google+