Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Матуранти од целата земја го посетија УЈИЕ на „Отворен ден 2025“

Матурантите од средните училишта во Тетово, Скопје, Гостивар, Дебар, Струга и други градови од земјава учествуваа на „Отворениот ден“ организиран од Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа денес (04.04.2025 година), во Кампусот на Универзитетот во Тетово.

Овој традиционален настан им овозможи на матурантите да се запознаат со студиските програми, можностите за стипендирање, условите за студирање и студентскиот живот во современиот кампус на УЈИЕ во Тетово. Активностите започнаа со поздравен говор од ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф .д-р Абдулменаф Беџети кој им се обрати на присутните и ги охрабри да го следат патот на знаењето и да станат дел од институција која нуди квалитетно образование со меѓународна перспектива.

Во текот на денот матурантите учествуваа во различни активности, меѓу кои презентација на факултети и студиски програми на информативни штандови, обиколка на кампусот, посета на современите лаборатории на универзитетот.

Предавања и практични демонстрации од различните факултети, вклучително и симулација на место на злосторство од Правниот факултет, конкурс за најдобар бизнис-план од Факултетот за бизнис и економија, како и презентации на технолошки иновации од Факултетот за современи науки и технологии, интерактивен квиз од Факултетот за јазици, култури и комуникација , практична демонстрација на вежби од насоките за физиотерапија и општа медицинска сестра од Факултетот за здравствени науки, обука за меки вештини (soft sklills) од Факултетот за современи општествени науки како и презентација на трудови на студентите од Факултетот за технички науки.

Празничната атмосфера на денот ја заокружи познатата солистка од Тетово Фјола Ибраими, која заедно со својот бенд внесе посебна енергија и емоции кај сите учесници.

„Отворен ден“ е важна активност за сите матуранти кои сакаат да го направат вистинскиот избор за нивните идни студии. Универзитетот на Југоисточна Европа останува посветен на обезбедување образование на високо ниво, подготвувајќи ги студентите за глобалниот пазар на трудот.

Google+