Доц. д-р Бесник Фетаи деканот на Факултетот за бизнис и економија проф. д-р Изет Зеќири на 16 април 2010 година ќе учествуваат на Петтата конференција за историјата на монетарната мрежа на Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Истанбул, Република Турција.
Домаќин на конференцијата оваа година ќе биде Централната Банка на Турција а ќе учествуваат претставници од најпознатите банки од Европа.
Претставниците на ЈИЕУ ќе се претстават со темата „ Влијанието на монетарната политика и на курсот на размената во реалниот БДП и на цените: случајот на Република Македонија“.