За време на потпишувањето на договорот присутни беа и Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, италијанскиот амбасадор во Македонија, Донатино Маркон, претставникот на италијанската фирма D’Appolonia, која ќе го реализира овој проект, Марко Кремонини како и претставникот на Италијанското министерство за животна средина, земја и море, Кристијан Мелис.
Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, рече дека проектот ЕКО - Кампус ќе го издвои ЈИЕУ како уникатен пример во регионот кој ќе генерира нулта емисија на јаглерод диоксид. Ректорот Абази, рече дека првата фаза на проектот е подготовката на Климатскиот акционен план, кој како завршна фаза ќе го даде документот во форма на Физибилити студија на проектот ЕКО – Кампус. Втората фаза е интелигентна зграда која ќе содржи решенија за автоматизација и контрола потоа пилот – решението за фотонапонска постројка, која главно ќе се користи за истражувачки цели во областа на енергетиката. Како резултат на проектот е и дефинирање на програмата за формално образование главно во последипломските студии реализацијата на лабораторијата за истражување во областа на обновливите извори на енергија.
Амбасадорот на Италија во Скопје, Донатино Маркон, рече дека реализацијата на овој проект е резултат на добрата соработка со Министерството за животна средина и просторна планирање и ЈИЕУ. Овој проект се реализира во соработка со институтот „Ареа“ од Трст, со кој започнавме соработка со цел инвестирање во обновливата енергија, енергетската ефикасност и третирањето на отпадот.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, рече дека министерството има многу блиска соработка со Министерството за животна средина, земја и море на Италија. Резултат на оваа соработка е и потпишувањето на договорот за реализација на проектот ЕКО - Кампус. Проектот е во почетна фаза а од идната година се очекува да започне и трансферот на технологијата. Ова во пракса значи дека ние сме во фаза на исполнување на нашите цели во глобалната акција за климатските промени.
Целта на проектот е да воспостави силни мерки за ефикасноста на енергијата и технологијата за новите енергетски извори во ЈИЕУ, рече директорот на компанијата D’Apolonia, Марко Кремонини.