„Економикс 19е“, е насловот на книгата на авторите Пол А. Семујелсон и Вилијам Д. Нортхаус на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во својот говор, ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети, му се заблагодари на авторот што го избрал УЈИЕ за промоција на една ваква важна книга од областа на економијата.
„Книгата во превод и адаптација на Авдула Хоти претставува многу неопходно и доста корисно дело бидејќи е посветено на албанската област на високото образование. Јас не знам а и немало друга книга што е посеопфатна и поедноставна во објаснувањето на најсложените економски проблеми“, рече меѓу другото ректорот Беџети.
Авторот на книгата Авдула Хоти им се заблагодари на ректорот Беџети, деканот Хирије Абази-Алили за сета организација и за дадената можност да се промовира оваа книга пред вработените и студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.
„Ова е книга која не е посветена само на студентите од прва година по економија, туку и на сите други области. Книгата има многу економски филозофии и се ажурира во секое издание. Повеќе од половина век, книгата го издржа тестот на времето и стана водич не само за студентите и за професорите, туку и за истражувачите и за пошироката јавност во економијата. “, изјави авторот Авдула Хоти.
Во својство на автор на воведниот говор на книгата присуствуваше и академик Иса Мустафа, кој зборуваше за книгата како значајно дело од областа на економијата.
Деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази-Алили, која ја модерираше промоцијата, го изрази своето задоволство што Факултетот е домаќин на овој значаен настан за економската литература.
Во име на престижната издавачка куќа „Едукативен центар“ зборуваше претставничката Мерита Мемети-Гагица.
