Во својот говор ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети на сите наставници им го честита овој посебен и значаен празник за сите кои се вклучени во светата мисија на просветата. Тој, особено се заблагодари на директорот, учениците и професорите од средното медицинско училиште за нивното учество и соработка во одржувањето на овие важни настани за сите нас. Ректорот Беџети во своето излагање говореше за важноста и историјата на 7. март, која е поврзана со континуираните заложби на преродбениците за образование на албански јазик и го оцени како многу важен момент за размислување за актуелната состојба на образованието на албански јазик.
„Ова се најдобрите моменти да се рефлектира дека во денешни услови на слобода, речиси идеални за оваа мисија што ја работиме се чини дека не сме доволно свесни дека некој се жртвувал за да ги зачува и негува овие вредности, што би рекол Наим Фрашери. За нас како образовна институција 7. март - празникот на првото албанско училиште - има уште поконкретно значење. Ова го означува новиот почеток на издигнувањето на националната свест преку образование и обука“, рече меѓу другото во својот говор ректорот Беџети.
Во својот реферат, деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации, проф. д-р Демуш Бајрами ги истакна важните историски моменти кои довеле до отворање на првото албанско училиште.
„7. март ја издигнува идејата за еманципација и култура и со тоа Албанците заедно со другите народи успеаја да чекорат по патот на напредокот, не само на Балканот, туку и пошироко“, рече меѓу другото деканот Бајрами.
Манифестацијата беше модерирана од студентката Аниса Беџети, додека со поетска изведба се претставија студентката Ајета Даути и учениците од средното медицинско училиште предводени од професорите Рудина Зеќири и Џезми Салиу.