COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конференцијата за печат по повод крајот на годината: УЈИЕ ја затвора годината со рекорден број запишани студенти

Универзитетот на Југоисточна Европа завршува многу успешна година, каде што поставивме и рекорд во уписот на нови студенти, во сите три студиски циклуси, со значителен пораст на додипломските студии, од 13,4 %, или вкупен пораст на запишани студенти од 6%, изјави ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, на конференцијата за печат со новинарите, која се одржа денес (20.12.2022 година), во Кампусот во Тетово.

Ректорот Беџети рече дека тоа се случува поради некои многу значајни показатели, меѓу кои се и фактот што пазарот веќе го разликува квалитетот, околу 60% од студентите користат стипендии кои се доделуваат на одлични студенти и тоа докажува дека успеавме да привлечеме доста добри студенти, структурата на родителите на нашите студенти се со високо образование и знаат што бараат и што да изберат во однос на образованието на нивните деца.

„Она што влијаеше на зголемувањето на бројот на студенти е новата годишна академска понуда усогласена со барањата на пазарот и оваа година беше консолидирана многу специфичната, регионална понуда, интердисциплинарната магистерска програма, 3E- Економија, енергетика и екологија, која тековно се реализира со над 20 студенти. Другата вест е отворање на нов факултет и за прв пат во 20-годишната историја на Универзитетот, во новата академска година имаме и шести факултет- Факултет за здравствени науки“ потенцираше ректорот Беџети .

Во првиот циклус имаме 13 % зголемување на бројот на студенти кои студираат на македонски јазик и 16 % на бројот на студенти кои студираат на англиски јазик.

„Ја зајакнавме и ѝ дадовме вистински карактер на интернационализацијата на Универзитетот и сега покрај студенти од регионов, како Косово, Прешевската долина, Албанија, запишани се и околу 60 студенти од Таџикистан и од Пакистан, со американски стипендии преку Фондацијата Шамс“, истакна ректорот Беџети.

Образложувајќи ги причините за годишното зголемување на бројот на запишани студенти и нагорниот тренд , ректорот Беџети рече дека меѓу другото тоа се развојот на нови академски понуди и зголемувањето на бројот на академски кадар.

„Сите активности кои не се само чисто академски, туку и професионални и применливи, а кога на ова ќе се додадат и научните проекти што ги имплементира Институтот „Макс ван дер Штул“, од само два проекти во минатото стигнавме до 35 паралелни проекти, сведочат моќно општествено влијание кое Универзитетот го има во општеството“, рече меѓу другото ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулеманф Беџети.

Google+