Во овој извештај може да се забележи дека најдобро рангирани се професорите од Факултетот за бизнис и економија, од областа Бизнис и Менаџмент, каде од вкупно шест најдобро рангирани , пет се од овој факултет. Во општата листа на истражувачи најчесто цитирани се и други професори од овој факултет, како што се: проф. д-р Јусуф Зеќири, со 1117 цитати, проф.д-р Хирије Абази - Халили со 883 цитати и проф. д-р Садудин Ибрахими, со 515 цитати.
На државно и на универзитетско ниво, професори од други факултети се прилично добро рангирани. Во компјутерски науки, проф. д-р Мајлинда Фетаји, има 508 цитати, проф. д-р Менан Селими, има вкупно 402 цитати, а по него е проф. д-р Лејла Абази - Беџети со 398 цитати и други истражувачи од овој факултет, кои исто така имаат значителен број цитати.
Проф. д-р Али Пајазити од Факултетот за современи општествени науки е најдобро рангиран истражувач со 320 цитати од областа на социологијата.
Научниот индекс АД е систем за рангирање и анализа заснован на научните перформанси и додадената вредност на научната продуктивност на поединечни истражувачи.
