COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа церемонијата за промоција на 18. генерација апсолвенти на УЈИЕ

Со свечена церемонија, во присуство на родители, членови на семејството, вработени и други гости, во сабота (04.06.2022 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа, беше промовирана 18. генерација апсолвенти.

За прв пат, по изборот, со физичко присуство на апсолвентите им се обрати претседателот на Одборот на Универзитетот Клаус Тохтерман. Тој рече дека основната идеја на УЈИЕ е да обезбеди модерен и меѓународен пристап кон учењето и постојано да се адаптира на промените во истражувањето и наставата.

„Основата за ова беше единствената соработка меѓу Европа и САД. Во оваа земја мораме да им се заблагодариме на нашите донатори за нивната континуирана поддршка. „Со поддршка на државата, нашите академски колеги успеаја да создадат Универзитет кој е единствен во регионов“, рече во својот говор претседателот на Одборот, проф.д-р Клаус Тотерман.

Во својот говор ректорот акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, им порача на апсолвентите да се сеќаваат на овој ден, кој им создава емоции и им дава позитивна енергија за статусот академски граѓанин што го стекнуваат и што е и граѓанска одговорност.

„Вие претставувате најсилен општествен, професионален и интелектуален капитал со кој оваа институција интелектуално придонесува за нашето општество. Нема друг проект, за овие три децении на општествена, политичка и економска транзиција што придонесе толку многу за секој поединечно, за вашите семејства и за општеството воопшто“, истакна ректорот Беџети.

Ректорот Беџети им порача на апсолвентите дека УЈИЕ го продолжува патот на раст, не само во академските, професионалните и научните параметри, туку и во оние на студентската популација, во различноста на програмските понуди, но и во основањето на нови факултети

„Ние имаме обврска да бидете горди на вашата Алма-матер бидејќи ќе ја чувате нашата диплома и нашиот институционален амблем засекогаш. Можете да го надградувате своето знаење, да добиете други дипломи и титули, но основните знаења и дипломи кои отворија други хоризонти во животот остануваат на УЈИЕ“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.

Во име на генерацијата говор одржа студентката со највисок просек на оценки Рина Бехадини.

„Стојам овде пред вас, дипломирана на компјутерски науки, веќе вработена и подготвена за утрешните предизвици. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми овозможија ова патување да биде убаво а пред се сакам да ги охрабрам моите врсници да продолжат да ги остваруваат своите соништа. “, рече Рина Бехадини.

За уметничкиот дел на церемонијата се погрижи проф. Агим Пошка, кој ја отпеа песната на Универзитетот „Глас на знаењето“ и младите уметници од Тетово, Лулеса Пајазити и Лабинот Абдирахмани.

Google+