COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во iCan во Гостивар го одржа Саемот за вработување и кариера

Во организација на iCan Центарот, денес (03.06.2022 год.) во Гостивар се одржа Саемот за вработување и кариера, на кој присуствуваа претставници на познати компании од земјава, национални и локални институции кои се занимаваат со активни политики за вработување и бројни посетители , претежно млади од Полошкиот регион.

Во својство на институција партнер на овој проект, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети присуствуваше на отворањето на Саемот, на кој присуствуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јованка Трнчевска, градоначалникот на Тетово Билал Касами, претставници на УНДП и други гости.

„Универзитетите се тие кои треба навреме да ги идентификуваат и предвидат проблемите, за да можат креаторите на политиката да преземаат иницијативи, да ги градат своите политики. Ние како универзитет тоа го докажавме со отворањето на Центарот за кариера од 2005 година. Исто така, ние како експерти и како Универзитет предупредуваме од 2015 година за асиметријата на пазарот на трудот.Универзитетот го имаше, има и продолжува да го има како број еден проблем одливот на мозоци, не само за своите студенти, не само за формалните програми што ги има во него , но и потребата од постојана обука, затоа им благодариме на донаторите, швајцарската амбасада, УНДП и двете општини во Полошкиот регион, Тетово и Гостивар, за поддршката дадена при отворањето на iCane центарот“, рече меѓу другото ректорот Беџети во панел-дискусијата, која беше организирана во рамките на Саемот.

Целта на Саемот е директно да ги поврзе невработените млади со приватниот сектор од Полошкиот регион и да ги пополни слободните работни места во некои индустрии, како и да поттикне дебата за креирање соодветни модели за младинско активирање на пазарот на трудот.

Настанот беше проследен со неколку панели за дискусија поврзани со пазарот на труд и со работната сила

Google+