Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф. д-р Замир Дика на Меѓународната конференција за компјутерско инженерство и апликации (CEA'10), во Универзитетот Харвард

Проф. д-р Замир Дика, проректор за академски прашања на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, учествуваше на Меѓународната конференција за компјутерско инженерство и апликации (CEA'10), одржана на 27-29 јануари на Универзитетот Харвард, Кембриџ - САД, во рамките на Академијата и на Здружението на научници и инженери во светот (World Scientific and Engineering Academy and Society – WSEAS).

Проф. д-р З.Дика успешно го презентираше својот научен труд на тема ,,Семантичките сознанија на ад-хок системите за симултана дистрибуција на информациите: зголемување на ефикасноста и употребливоста на информации преку случајни приспособувања на оперативни настани и податоци во организацијата" ” (“Semantic Multicast Notifications: Increasing information timeliness and efficiency with ad-hoc mapping of operational events and organizational data”). Овој научен труд, исто така е објавен и во научното списание на конференцијата каде беше избран во рамките на 30% најдобри трудови, опфатен за објавување во научното списание на оваа престижна организација - WSEAS.

Оваа статија го претставува резултатот од научнотo истражување спроведено од проф. д-р Замир Дика и Висар Елмази, во областа на системи за известување во средини со динамична соработка во групи, кои се многу важни за ефикасно управување со знаење во информатичките системи на универзитетите. Како оптимално решение, авторите го предлагаат ад-хок привремениот систем за симултана дистрибуција на информации, врз основа на современите трендови во компјутерската архитектура и нерелационалните бази на податоци, дистрибуирани и интегрирани хоризонтално ( "NoSQL" иницијативи), користејќија напредната технологија на дистрибуција на пораки - e-mail, SMS, Facebook, Twitter, итн.

Резултатите од ова истражување може да послужат како многу корисна основа за интелигентни целни корисници на информации во високообразовните институции и можат да ги подобри перформансите и на нивните информативни системи - во услови на зголемување на квалитетот на информациите и употребливоста.

Со оглед на променливата средина со динамични промени во високото образование и зголемената конкуренција на  овој дел на пазарот, квалитетот на услугите кон корисниците на информациите, односно подобрувањето на административните услуги на универзитетите, може да создаде конкурентна предност за универзитетите. Токму така, овој тренд, на ова истражување му дава одредена важност во ова поле.
Google+