На тема Дигитална трансформација во високото образование (ВО) и особено во процесот на инклузија, адресирање на предизвиците со кои се соочува високото образование , ректорот Беџети во дискусијата ја иницираше потребата за нормативно регулирање на областа и особено аспектите за обука на академскиот кадар од една страна и институционалната култура од друга.
Универзитетите, како конзервативни институции, создаваат отпор кон брзите промени и трансформации, често повикувајќи се на академската слобода, повеќе за „покривање“ отколку за зачувување на вредностите“, рече ректорот Беџети.
„Додека во Западна Европа се дебатира за овие прашања и грижи во Западен Балкан не се ни запознаени со трендовите и самите се обидуваат да најдат корисни решенија за идните генерации “, рече ректорот Беџети.
Фокусот на конференцијата беше да се изнајдат начини за градење стратегии и креирање политики кои можат да помогнат во обликувањето на дигитализацијата во наставата во високото образование во следната деценија
