Конференцијата се одржува по повод 2. април - Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.
Во име на ректорот акад. проф.д-р. Абдулменаф Беџети на присутните им се обрати проректорот за академско планирање и дигитализација проф. д-р Адриан Бесими.
„Универзитетот има многу плодна соработка со колеџот Хајмерер и денешната конференција е доказ дека оваа соработка ќе се зголемува и проширува, особено со отворањето на новиот Факултет за здравствени науки“, рече во своето обраќање проректорот Бесими.
Претседателот на Конференцијата, д-р Бојан Радиќ, рече дека аутизмот е многу малку познат на Балканот и главната цел на Конференцијата е да помогне во подигањето на свеста во балканските земји, бидејќи имаме податоци дека во овие земји многу малку се знае за аутизмот.
Конференцијата има за цел да обезбеди корисни информации за родителите, за студентите и за професионалците од областа.
Во текот на двата дена, пред присутните ќе предаваат светски познати експерти во првиот ден е вклучен медицинскиот пристап, а во вториот ден едукативниот пристап за аутизмот.
