Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа тркалезна маса за предизвиците на новите држави во надворешната политика

„Предизвиците на новите држави во надворешната политика“, беше темата на Тркалезната маса што се одржа денеска (24.03.2022) на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Факултетот за современи општествени науки, на која беа поканети вицепремиерот и министерката за надворешни работи на Косово, г-ѓа Доника Гервала.

Во воведното обраќање, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, се заблагодари на министерката Гервала за учеството на оваа тркалезна маса на ваква актуелна тема.

„Раѓањето на нови држави не може да се спореди со раѓањето на детето кое автоматски добива извод од матична книга на родените, во реалноста кога се раѓа нова држава, таа мора да се жртвува и да работи напорно за да се докаже. Нови држави се исто така нови економии Раѓањето на држава е многу тежок процес и со многу предизвици“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, рече дека се чувствува привилегирана што е на овој универзитет и дека има интерес да се слушне за предизвиците на Косово како нова држава. Таа го опиша процесот и тешкотиите со кои се соочи Косово во фазите на градење држава.

„Косово последно ја заврши војната, а создавањето на државата беше тежок процес и на почетокот започна изградбата на државата Косово како меѓународен протекторат, за подоцна да основа сопствени независни институции, во 2008 година, со поддршка на државите од САД и ЕУ.Да се изгради држава од почеток е незамислив предизвик и сите овие години Косово се соочува со многу предизвици, почнувајќи од економски до безбедносни“, рече министерката Гервала.

На овој панел со дискусии учествуваа: Деканот на ФСОН -проф. д-р Абдула Азизи, проф. д-р Беким Нухиу и директорот на Агенцијата за имплементација на јазикот - проф. д-р Илбер Села.

На оваа тркалезна маса присуствуваа студенти од УЈИЕ, кои министерката Гервала ги покани да аплицираат за практикантска работа во ова министерство, за одблиску да се запознаат со функционирањето на Косовската дипломатија.

Google+