На оваа тема, пред студентите говореа успешни жени во своите професии, како што се: проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф .д-р Беса Арифи, поранешната министерка за образование и наука, Мила Царовска, директорката на Центарот РЕА, Ќание Селими, претседателката на Форумот на жени, Џане Крешова, Флора Шабани, Влора Акики, Сабина Мемиши и Замира Беџети Зилбеари.
Во говорот на отворањето на панелот, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, на сите жени им го честиташе 8. март, со желба напредокот на жените да се развива во сите аспекти, врз основа на заслуги, без разлика на полот.
„Жените на Универзитетот на Југоисточна Европа се достоинствено претставени од најниско ниво на менаџмент до највисоко ниво, не затоа што се жени, туку затоа што се докажале во тие позиции според нивните заслуги и способности“, рече ректорот Беџети.
Тој ги повика и жените да бидат поотпорни и да излезат од рамнодушноста и да градат самодоверба.
Студентската структура според полот на УЈИЕ е 51% во полза на жените, а важен показател е и успехот бидејќи процентот на студентките со одличен успех е значително поголем “, рече ректорот Беџети.
Проректорката Беса Арифи рече дека по завршувањето на образованието, нејзиниот сон бил да се реализира во институција каде жените се почитуваат и вреднуваат врз основа на вештините и заслугите и тоа го најдов на УЈИЕ.
Поранешната министерка Царовска, потсетувајќи на заложбите на жените за целосна рамноправност, го издвои денешниот случај кога мажите и жените се заедно и каде јасно докажува дека на овој универзитет родовата еднаквост и дистинкција ги смета за предност, а не за недостаток.
За своето искуство зборуваа и останатите панелисти чии излагања се проследија со голем интерес од присутните студенти и од кадарот.
На учесничките на оваа панел дискусија и на присутните жени, ректорот во симболичен знак им подари цвет.
