Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите во посета на Комисијата и Европскиот парламент во Брисел

Во рамките на традиционалната активност, група студенти предводена од страна на доц. д-р Илбер Села, од 17 до 22 јануари, реализираше неколкудневна посета во Комисијата и Европскиот парламент во Брисел. Студентите беа во можност поблиску да се запознаат со работата на институциите на ЕУ во целина, и особено со Европската Комисија.

Исто така, оваа посета се оценува и како еден вид обука, чија цел е да се разјаснат целите на интегративните процеси на ЕУ и политиките кои произлегуваат од него. Студентите под раководство на проф. Илбер Села, беа примени од страна на г-ѓа Ерика Зудерел, претставник на Европската Комисија од Директоратот за образование и култура. Потоа се одржаа предавања на тема: ,,Улогата и функцијата на европските институции” од страна на г-дин Јо Вендеркапелен, ,,Интегрирањето на Западен Балкан во Европската Унија, со посебен осврт на Косово” од страна на г-дин Стефано Дото и ,,Интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, со посебен осврт на Република Македонија”, од страна на г-дин Пер Иболд  и други.
Во рамките на програмата, студентите исто така го посетија и амбасадорот на Македонија во ЕУ, проф. д-р Блерим Река, кој ги информираше за перспективите на Западен Балкан во ЕУ и предизвиците на интеграцијата, вклучувајќи го и прашањето за името, отворањето на преговорите, прашањето за либерализација на визите за Косово и Албанија и др. Следната посета се очекува да се реализира до крајот на мај оваа година.
Google+