Треба да се нагласи дека Сабина Идризи е прва студентка од ромската етничка заедница која магистрирала на Универзитетот на ЈИЕ.
„Исламско банкарство и исламски банкарски модели- препораки за развој на исламското банкарство во Европа” е темата на која магистрираше Сабина Идризи
25 јануари 2010Сабина Идризи (на 21 јануари 2010 год.), на Факултетот за Бизнис Администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, пред комисијата во состав: проф. д-р Мирољуб Шукаров, проф. д-р Абдулменаф Беџети, и проф. д-р Изет Зеќири ја одбрани магистерска теза на тема: „Исламско банкарство и исламските банкарски модели - препораки за развој на исламското банкарство во Европа”.
Кандидатката во овој магистерски труд заклучува: „Може да се констатира дека земјите со мнозинство на христијанско и католичко население брзо ги прифатија исламските финансиски пласмани, но од друга страна исламските земји се помалку тргуваат со не - исламски хартии од вредност. Во земјите од персискиот залив и Азија според Standard & Poor's 39% од банкарските клиенти веднаш би се одлучиле за исламски финансиски производи, а оваа тенденција е и во Европа“.Самата констатација е вредна за развивање на тезата дека исламските хартии од вредност можат да бидат добра основа за развивање на еден нов пристап на светските финансиски инвеститори. Тоа се хартии од вредност кои можат да понудат не само алтернатива и можност за диверзификација на конвенционалните портфолија, туку претставуваат збогатување на светската финансиска практика.
Повеќе вести
- На УЈИЕ се одржа Саемот за кариера 2026 – мост помеѓу студентите и пазарот на трудот
- УЈИЕ и ХЕРА потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на практичната настава и истражувањето во области од општествено значење
- Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом
- Во УЈИЕ најталентираните средношколци се натпреваруваа на Националната олимпијада по економија
- Младите против насилството: Едукативна обука со средношколци на УЈИЕ
- УЈИЕ дел од Годишната конференција на ЕУА во Истанбул
- Посета на Амбасадата на САД и презентација на програми за образовна размена на УЈИЕ